Ливерпул загуби од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (0:1). На овој меч „црвените“ ниту еднаш не упатија удар во рамките на голот на противникот.

Ова се случи само втор пат откако на тренерското место дојде Јирген Клоп.

Првиот пат вакво нешто се случи на натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите во 2018 година (0:1).

Ливерпул на успеа да го совлада противничкиот гол трет пат во тековната сезона. Претходно, на гостувањето во групната фаза во Лигата на шампионите со Наполи загуби со 0:2 и во натпреварот од Лига Купот со Астон Вила (0:5), но на овој дуел играше екипата до 23 години.