Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, го престигна поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Јувентус, Зинедин Зидан, по бројот на постигнати голови во плејофот во Лигата на шампионите, објави прес-службата на УЕФА.

Благодарение на хет-трикот синоќа на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона (4:1), 22-годишниот Мбапе заврши на третото место меѓу француските фудбалери по број на голови во нокаут фазата.

Досега Мбапе има 12 погодоци, а пред него се Карим Бензема со 18 и Тиери Анри со 12 голови. Зинедин Зидан во текот на својата играчка кариера постигна осум гола.