Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.
Вардар во осминафиналето ќе игра со ПИК Сегед, а првиот меч е во Скопје, додека реваншот во Сегед, Унгарија.
СЦ „Јане Сандански” ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот.
Реваншот ќе се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот.
Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата Висла – Веспрем.