Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол во плејофот во Лигата на шампионите сезона 2020/21. Португалецот го напушти теренот без погодок во двата осминафинални натпревари против Порто (1:2, 3:2).

Роналдо не се запиша во листата на стрелците во плејофот на Европскиот куп за прв пат од сезоната 2004/05. Тогаш тој играше за Манчестер Јунајтед.

На синоќешниот реванш со Порто, Роналдо му асистираше на Киеза при првиот погодок, но тоа не беше доволно да се избегне елиминација.

Покрај Порто, синоќа пласман во четвртфиналето од најсилното клупско европско натпреварување избори и Борусија Дортмунд.