„Би рекол дека нема фаворит, шансите се 50-50. Тоа што играме пред своите навивачи ни дава мала предност. Навивачите мораат да дојдат да не бодрат“, изјави тренерот на Барселона, Чави, пред вечерашниот дуел против Наполи три недели по пресметката на стадионот „Диего Армандо Марадона“ која заврши нерешено 1-1.
Арсенал во Лондон ќе се обиде да ја искористи предноста од домашниот терен и да ја анулира негативата од 0-1 првиот натпревар во Порто.
Завршните реванш осминафинални дуели се на програмата утре меѓу Атлетико Мадрид – Интер (0-1) и Борусија Дортмунд – ПСВ (1-1).
Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија четири гиганти – Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен и ПСЖ.