Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра изедначен меч со норвешки Елверум кој на крајот заврши 34-34 во првата пресметка од предвидените две средби со норвешкиот шампион во рамки на групната фаза од Лигата на шампионите.
Анте Гаџа со осум гола, од кои шест во првото полувреме и Иван Чупиќ со шест погодоци беа најпрецизните додека Стоилов даде пет, а пак на голот на Вардар Марко Кизиќ забележа 12 одбрани. Кај Елверум, Мате, Солстад и Пујол дадоа по пет гола.
Вардар ќе има нова шанса за триумф против Елверум на натпреварот кој ќе се игра во среда, повторно во салата Јане Сандански.