Тенискиот турнир на ОИ во Токио го донесе и најневеројатниот дуел во овој спорт во последните години, откако Марни Чилиќ по епска борба го совлада Бразилецот Жоао Менезес со 2-1 во сетови (6-7, 7-5, 9-7).
Менезес изненади добивајќи го првиот сет во тајбрејк, а потоа во вториот имаше водство од 5-4 и сервис, но Чилиќ успеа да се врати, направи два брејка во низа и израмни на 1-1 во сетови.
Вистинската драма се случуваше во третиот сет, во кој Чилиќ водеше со 5-0 и се чинеше дека се е готово. Хрватот не искористи пет меч-топки во шестиот гејм, а кога Менезес конечно успеа да го освои гејмот, следеше неверојатна серија на Бразилецот. Менезес успеа да се врати до 5-5, се избори и за тајбрејк, а таму Чилиќ сепак успеа да најде начин да стигне до второто коло, користејќи ја дури единаесеттата меч-топка на дуелот.
Хрватскиот тенисер во следната рунда го очекува дуел со шестиот носител Пабло Карењо Буста од Шпанија.