Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека гарантира оти нема да има „локдаун“ по парламентарните избори, бидејќи Романија тоа не може „себеси да си го дозволи“.
– Гарантирам 100 проценти дека нема да има „локдаун“. Романија не може да си дозволи такво нешто, ниту од економски аспект, ниту од гледна точка на периодот кој следува. Тоа нема да се случи, истакна Орбан.
Тој ги обвини оние кои тврдат дека ќе има такви мерки, нагласувајќи дека се обидуваат да ја намалат поддршката за Национално либералната партија (ПНЛ).
Во Романија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразени 484.550 луѓе, а потврдени се 11.665 смртни случаи.