Менаџментот на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска на генералното собрание на компанијата ќе побара поддршка за акционерите за договорот за пакетот за спасување вреден девет милијарди евра, во кој Владиниот фонд за стабилизација ќе учествува со 20 проценти.
Авиокомпанијата, која е сопственик и на други авиокомпании, како што „Свис“и „Аустиа Ерлајнс“, е на пат да го изгласа договорот, откако најголемиот акционер Хајнц-Херман Тиле за дневниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг најави дека ќе гласа за него.
Тиле минатата недела ја пресили компанијата да ги предупреди акционерите дека пакетот може да биде во опасност и ги замоли да го искористат своето право на глас.
Неколку часа пред собранието, Луфтханза и синдикатот на УФО, кој го претставува кабинскиот екипаж, објавија дека постигнале договор со кој ќе и се овозможи на компанијата да заштеди повеќе од 500 милиони евра до крајот на 2023 година.
Синдикатите исто така додадоа дека договорот вклучува четири години заштита на кабинскиот екипаж од отпуштање од работа.
Во меѓувреме, Европската комисија ги одобри и плановите на Германија за шест милијарди евра придонес во пакетот за спасување на „Луфтханза“.