Луѓето се собираат пред Белата куќа со надеж дека со мирни демонстрации ќе го убедат Џо Бајден да се повлече од претседателски кандидат на демократите.
Движењето наречено Pass the Torch тврди дека тајно се поддржани од политички челници како што се поранешната претседателка на Домот Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер.
Освен тоа, истата група вчера плати телевизиска реклама во една од омилените емисии на Бајден за да го убеди да ја прекине претседателската кампања.
Покрај тоа, Бајден наводно прашал дали потпретседателката Камала Харис, која се смета за фаворит да го замени доколку се повлече, би можела да го победи Трамп во ноември, објави Њујорк Тајмс.
Manifesting coconuts outside the WH pic.twitter.com/wvyw9QihRe
— David Weigel (@daveweigel) July 20, 2024