Американскиот филмски и телевизиски глумец Лук Пери, најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“, итно е хоспитализиран откако доживеал тежок мозочен удар во својот дом во Лос Анџелес.
Засега не е позната моменталната здравствена состојба на актерот, но неговиот портпарол изјави дека Пери се наоѓа под болнички надзор.
Телевизиската мрежа Фокс неодамна официјално потврди дека ќе се снимаат нови епизоди од серијата „Беверли Хилс“.