Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 одговори дали има конечна одлука за штрајкот во УЈП.
Според неа, во петокот е постигнат договор со синдикатот, и вработените ќе добијат покачување на плата.
– Потпишан е колективен договор во петокот меѓу „Солидарност“ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии, вели Лукаревска.
На прашање кога вработените ќе добијат зголемување, Лукаревска истакна дека веќе следната плата ќе биде исплатена со 30 отсто покачување.
Таа истакна дека договорот е постигнат колегијално, транспарентно преку мирно решавање на спорови.