Сања Лукаревска од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека изборниот процес не е завршен, зошто сега ќе го трчаме второто полувреме на 8 мај. Вели дека во партијата биле свесни за се она што е грешка во делот на владеењето и за тоа ја добиле сметката од граѓаните.
– Се покажа мирен и демократски изборен ден. Активно ќе ги продолжиме разговорите со граѓаните, ова е силен сигнал за нас, аларм, но горди сме на тоа дека продолжуваме по патот на ЕУ и нема да се откажеме од целиот тој процес. Веќе имаме потфрлања, разочарувања и тоа е доблесно да се признае и тоа не е никакво оправдување. Тоа создава уште поголема одговорност во следните две недели да дадеме се од себе за да оствариме што подобар резултат и на следните избори. – рече Лукаревска.