„Русија и` нуди на Украина апсолутно прифатлива верзија на договорот, јас сигурно знам“, рече Лукашенко, истакнувајќи дека сепак е можно Зеленски да потпише договор со Путин. „Доколку Зеленски одбие да го стори тоа, тогаш верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише чин на капитулација“, рече Лукашенко.
Русија „нема да ја изгуби оваа војна“, рече белорускиот претседател. „Убеден сум дека овој конфликт, руската операција, наскоро ќе заврши во мир. Тој нагласи дека Западот нема да ја вклучи Белорусија во овој конфликт, пренесува руската новинска агенција ТАСС. „Убеден сум дека нема да мора да се бориме со Украина. Западот нема да не вовлече во овој конфликт.“