Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, укажа на потребата од зголемување на будноста на безбедносните структури.

Лукашенко апелира до органите на прогонот да одговорат и на најмал обид за агресија.

– Зборуваме за дисциплина и извршување на должноста. Особено на границите на Белорусија. Ова се однесува на полицијата, КГБ (државната безбедносна служба) и припадниците на војската. Сите треба да бидеме подготвени да откриеме и најмала агресија врз нашите граници со цел да се преземат соодветни одмазднички мерки“, истакна Лукашенко на состанокот со високи безбедносни претставници, според извештајот на агенцијата „Белта – пренесува ТАСС.

Лукашенко предупреди дека непријателите ќе ја искористат секоја можност да ја дестабилизираат Белорусија.

Тие ќе продолжат да го прават тоа и затоа барам да ги почитувате овие упатства“, рече белорускиот претседател.

Според него, во Белорусија има многу воени лица, кои се под оружје и се фокусирани на одбраната на својата татковина.

– Мораме да го искористиме тоа – рече Лукашенко.