Не постои сила која е способна да ги раздвои Белорусија и Русија, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Денес добив извештај дека некои во Русија говорат како некој се обидува да ја отргне Белорусија од Русија. Тоа нема да го коментирам. Ќе кажам само едно – денес нема таква сила што може да ја отргне Белорусија од Русија, ниту Русија од Белорусија. Околностите се здружија да нè поврзат, веројатно многу, многу децении и векови“, рече Лукашенко на средбата со рускиот државен секретар Сергеј Глазјев.

Тој додаде дека Белорусија отсекогаш била ориентирана кон Русија и дека, како што наведе, „многу, ако не и сè, таму е наше“.