Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека целта на Западот е да освои „барем дел“ од белоруската територија и таму да испрати свои војници.
„Се води информациска војна, пред се во медиумите. Економска војна, не може поинаку да се нарече. Правиме се за да ја спасиме земјата од жешка војна. Засега успеваме во тоа. Мислам ќе успееме да го решиме овој проблем, да не дозволиме конфликт, како што отсекогаш бил на територијата на Белорусија“, рече Лукашенко.
Белорускиот лидер го привлече вниманието на фактот дека иницијаторите на западните акции се белоруски опозиционери кои заминаа на Запад.
„Апсолутно знаеме што прават таму. Трчаат по разни центри за одлучување и разни советници, од Америка до Брисел, барајќи пари“.