Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега оди и чкрта со забите.

– Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. Тие сега одат и чкртаат со забите, рече Лукашенко во Минск на состанокот со гувернерот на областа Пенза во Русија, Олег Мелниченко.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија, за Русија да не може да ги заобиколи.