Денеска, на моја голема радост и чест, традиционално, по петти пат, бев дел од семакедонскиот собир во подпелистерското село Трново, кој оваа година, се одржа по педесет и четврти пат, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
-Овој собир претставува симбол на поврзаноста со корените, духовноста и борбата за слободна и достоинствена Македонија. Заедно со претставници од институциите, МПЦ и бројни Македонци од сите делови на татковината и дијаспората, се потсетивме на вредностите што ги оставиле Илинденците и борците од АСНОМ. Во овие моменти, кога иднината на земјата бара единство и одговорност, чувствувам особена благодарност што сум дел од генерација која има можност да продолжи да го гради патот за стабилна и горда Македонија. Да живее Илинден! Да ни е вечна Република Македонија, вели Лукровски.