Сотир ЛУКРОВСКИ, кандидат за градоначалник на Карпош

Администрација која не постапува по правосилни решенија и градоначалник што е глув за проблемите на граѓаните. Тоа го констатираа и ни го укажаа граѓаните на средбата што ја одржавме на нивно барање.

Такви појави и ситуации се за мене неприфатливи. Се обврзавме дека силно ќе се бориме за јавниот интерес.

Следната средба што ќе ја одржам на истото место со истите луѓе констатацијата ќе биде дека по првите неколку месеци по промената на локалната власт во Карпош сите жители на Карпош се сведоци на една поинаква општина која се грижи за граѓаните и носи издржани одлуки со кои се решаваат нивните проблеми.

Така ќе биде!