Овој петок, 26 септември, од 18 часот, би сакал да ве поканам на мојата промоција за кандидат за градоначалник на општина Карпош, како и промоцијата на носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и советниците, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник за Општина Карпош, Сотир Лукровски.
На настанот ќе присуствува и Премиерот Христијан Мицкоски, a потоа, заедно ќе уживаме во добра музика.
Ве очекувам!