Луксембуршкиот голем војвода Жан, поранешен шеф на државата Луксембург, почина денеска на 98-годишна возраст.
Поранешниот луксембуршки владетел минатата недела беше примен в болница поради инфекција на белите дробови. Неговото здравје се влошило драматично за време на велигденските празници.
Тој беше осмиот голем војвода на Луксембург, кој раководеше со државата од 1964 до 2000 година. Од неговата абдикација во 2000 година, кога престолот му го препушти на синот Анри, Жан живееше во замокот Фишбах и ретко се појавуваше во јавноста.
Големиот војвода Жан беше сопруг на принцезата Жозефин-Шарлот од Белгија, ќерка на поранешниот белгиски крал Леополд Трети. Тие имаа пет деца