Најмалку шест лица загинаа при уривање на висококатница во изградба во економската престолнина на Нигерија, Лагос, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на шефот на службата за итни случаи. Спасувачите трагаат по преживеани. Според очевидци, по уривањето на луксузната станбена зграда вчера под урнатините биле затрупани околу 100 работници.
Зградата беше една од трите кули што ги гради приватната компанија Fourscore Homes. Најевтиниот стан во зградата е продаден за 1,2 милиони долари.