Иран го надмина дозволеното ниво на збогатен ураниум од 3,67 проценти, потврди денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Ограничувањето од 3,67 отсто збогатен ураниум е лимит предвиден со мултилатералниот договор помеѓу Иран и светските сили, постигнат 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп во мај минатата година ги повлече САД и потоа воведе нови санкции кон Техеран.
Иранската агенција за атомска енергија денеска соопшти дека е надминат прагот од 4,5 отсто за збогатување ураниум.
– Иран го надмина ограничувањето од 3,67 отсто збогатен ураниум, лимит воспоставен со Договорот од 2015 година, изјави денеска портпаролот Иранската агенција за атомска енергија, Бехруз Камалванди.
Тој истакна дека границата ќе биде надмината и за 20 отсто доколку ЕУ продолжи да ги игнорира своите обврски од нуклеарниот договор и апелира итно да се реагира.
Официјален Техеран денеска и се закани дека ќе продолжи да не ги почитува одредбите од Договорот доколку не се изнајде решени и не се исполнат иранските барање, што првенствено се однесуваат на продажбата на нафта и заобиколување на санкциите што САД ги воведе откако минатата година унилатерално се повлече од Договорот.
Иран бара ЕУ да изнајде начини за редуцирање на американските санкции и реализација на ветената економска помош.