МААЕ не пронајде експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје

/ 04.08.2023

Меѓународните набљудувачи не пронашле мини или други експлозивни направи на покривите на украинската нуклеарна централа во Запорожје, објави денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украинската разузнавачка агенција СБУ на крајот на јули тврдеше дека Русија ја минирала таа електрана и дека планирала терористички напад. Москва ги отфрли тие обвинувања.

Соопштението на МААЕ доаѓа откако на нејзиниот тим за првпат му беше дозволено да изврши инспекција на нуклеарна централа под руска окупација. Шефот на таа агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси нагласи дека на тимот на МААЕ досега му било дозволено да ги прегледа покривите на само два од шесте реактори, како и халите со турбините. Гроси побара и пристап до преостанатите реактори.

Истовремено, МААЕ соопшти дека е задоволна од нивото на водата на каналот што ја снабдува фабриката со ладна вода.


Од истата категорија