Децата кои се обвинети за кражба на зрна ванила на Мадагаскар честопати минуваат по речиси три години во затвор без судење, јави Би Би Си.
Островот е најголемиот произведувач на ванила, еден од најбараните зачини во светот, па со зголемувањето на производството се зголеми и бројот на кражбите.
За кражба на ванила се ставаат и деца во затвор, каде условите се загрижувачки, а во некои од нив се дава само по еден оброк дневно.
Би-Би-Си информира дека според проценките, повеќе од 20.000 деца на Мадагаскар работат работи кои се поврзани со трговијата на ванила.