„И, конечно, немојте да стареете. Бидејќи стареењето е грев. Ќе бидете критикувани, ќе бидете осудени и дефинитивно нема да ве пуштат на радио “, рече Мадона, најверојатно мислејќи на Би-Би-Си Радио 1, кое одбло да и пушти еден од нејзините последни синглови, бидејќи сака да ја привлече помладата публика.

Инаку, поп-ѕвездата Мадона  денеска полни 6о години. Таа својот 60. роденден ќе го одбележи и со акција за собирање на средства за децата од Малави, која започна минатиот месец и ќе трае до 31-ви август, а ќе биде спроведена во соработка со Фејсбук. Заинтересираните можат донациите да ги уплатат директно преку нејзината официјална страница на оваа социјална мрежа, а собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата „Рајзинг Малави“.

– Посветена сум да им обезбедам дом на овие загрозени деца. За мојот роденден не можам да замислам подобар подарок, истакна Мадона.

Поп-ѕвездата и хуманитарка посвои четири деца од Малави, а фондацијата „Рајзинг Малави“ ја основа во 2006 година. Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат искористени за храна, училишна опрема и за здравствена заштита за загрозените деца од оваа африканска држава.