За време на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, крадци влегле во куќата на бразилскиот фудбалер Касемиро, кој е член на Реал. Во моментот кога натрапниците влегле во домот на Касемиро, таму биле неговата сопруга и ќерка.
Фудбалерот веднаш по мечот ја дознал лошата вест и со полициска придружба бил префрлен до дома. Сопругата и ќерката не се повредени, но претрпеле голем стрес. Не се знае точно што и колку украле крадците.
Реал Мадрид одамна ги има советувано своите играчи да не објавуваат слики и видеа од внатрешноста на нивните домови, но Касемиро живее во населбата Ла Моралеха, во која живеат богати фудбалери и тие се честа мета на крадците