Првата серија руска вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе пристигне во Венецуела кон крајот на овој месец за третата фаза од клиничките испитувања, најави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
– Во септември, пристигнуваат првите вакцини од Русија за клинички испитувања, рече Мадуро во говор емитуван на Фејсбук.
Тој додаде дека уште една серија вакцини ќе биде доставена до Венецуела во октомври годинава.
– Ќе ги повикам сите 14.400 кандидати, регистрирани за изборите на 6 декември, да ја разгледаат можноста да ја примат руската вакцина, рече Мадуро, додавајќи дека, во тој случај, „сите кандидати за места во парламентот ќе имаат можност слободно да водат кампања“.
Претседателот на Венецуела во август рече дека неговата Влада преговара за учество во тестирањето и производството на руската вакцина.
На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот, наречена Спутник V.