Венецуела никако да излеле од кругот на политички обвинувања откако на неделните претседателкски избори актуелниот претседател Николас Мадуро извојува убедлива победа, но опозицјата повторно се жалеше на изборна измама и повика на бојкот. Според изборната комисија на изборите излегле 46,1 процент од гласачите, а Мадуро освоил 5,8 милиони гласови, додека противкандидатот од опозицијата, Хенри Фалкон, од Прогресивната напредна партија добил 1,8 милиони, додека за независниот кандидат Хавиер Бертучи гласале 925.042 избирачи.
-Тие ги потценуваат нашите револуционерни луѓе, а ме потценуваат и мене. Па, еве сме, победивме“!, порача Мадуро во победничкиот говор.
Меѓутоа, Фалкон рече дека процесот не е легитимен и како „таков ние не го признаваме“.
Раша тудеј наведува дека на изборниот резултат не влијаела ниту пораката од Вашингтон испратена во петокот при што Мадуро го поврзала со трговија со наркотици, односно дека „вториот по моќ човек“ во земјата, Дисдадо Кабело води нарко банда и оти профитот го дели со претседателот.