Засега непознати сторители убија брат на крунски сведок против мафијата во Италија кој бил под посебна полициска заштита.
Напаѓачите успеале да го убијат 51-годишниот човек синоќа со најмалку 20 куршуми додека паркирал автомобил во гаража во градот Песара.
Случајот предизвика бес во јавноста бидејќи жртвата била под посебна заштита на Министерството за внатрешни работи.
Жртвата е брат на припадник на мафијашката организација Ндрангета.
– Песара е шокирана бидејќи е убиен човек под полициска заштита за сведоци, рече градоначалникот Матео Ричи. Министерот за внатрешни работи Матео Салвини најави дека утре ќе го посети градот.