Магазинот „Пипл“ секоја година го избира најсексапилниот маж на светот. Оваа година титулата ја освои актерот и режисер Џон Красински (45). Актерот беше најавен во шоуто на Стивен Колберт „The Late Show“.

Кога водителот го прашал колку долго знаел дека е најсекси маж на светот, Џон ги насмеа гледачите велејќи: „Знам веќе пет минути. Сè уште мислам дека ова е шега“.

Пред него титулата ја освои Патрик Демпси.

Актерот во интервјуто откри дека повеќе му се допаѓа да биде сопруг и татко отколку кариерата. Тој ужива во документарците на Нетфликс и приказните пред спиење за нејзините деца. Живее во Бруклин со сопругата, исто така актерка, Емили Блант (41) и нивните ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).

Џон вели дека Емили била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури се пошегува пред објавата на People дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, ќе ја излепи куќата со корици од списанието.