Терапевтката Ешли Инес смета дека по десет години брак, многу добро ги знае сите грди ситуации во кои брачните двојки може да се најдат.
Кариера, деца, одговорности, хоби… се само некои од темите што се спомнуваат во секој дом. Но, таа верува дека само една реченица може да ги реши сите проблеми и караници.
– Последниот пат кога се расправав со мојот сопруг беше поради неговите одлуки околу кариерата и како тие одлуки влијаеја врз мене и нашите деца. Сѐ тоа претставуваше преголем притисок врз обајцата, па паднавме во стапицата на обвинувања еден кон друг за сѐ е сешто, раскажува Инес.
Како што и обично бидува, кавгата сѐ повеќе се заострувала. Но, таа прво ја запрела жестината на разговорот, па сѐ тоа престанало кога таа рекла: „Еј, на иста страна сме!“
– Тоа се зборови кои автоматски ве одвлекуваат од расправијата и ве потсетуваат дека личноста пред вас не е ваш непријател, туку сосем спротивно – во „истиот тим“ сте. Тогаш можете да се фокусирате на слушање, компромиси и решенија што ќе ја поправат ситуацијата, рече Инес.
Според „Хафингтон пост“, со тоа се согласуваат и други психолози, нејзини колеги.
– Многу често, малите недоразбирања се претвораат во големи кавги и се појавуваат големи проблеми во комуникацијата. Затоа е важно да користите вакви зборови, да слушате и да му кажете на вашиот партнер кој е проблемот, сета Џенифер Чапел Марш, исто така – терапевтка.