Рецепт на Маја Платнар од Бистро Здраво Живо за туфакија:
Туфахија
Потребни состојки
8 слатки јаболка- јас користев златен делишес
200 грама индиски ореви
3 капачиња ванила елстракт
Сок од половина лимон
Кора од половина лимон
3 Л мед
3 Л стопено кокосово масло
1 л цимет
Постапка
Излупете ги јаболката и издлабете ги, соремни за полнење. Наредете ги на подлога, на хартија за печење и ставете ги во замрзнувач
Во исто време закиснете 150 грама ореви, убаво исчистени
По 6 часа извадете ги јаболката и ставете ги на собна температура.
Во блендер ставете ги оревите, ванилата, стопениот путер, сокот од лимон, кората и медот. Додадете 100 мл вода. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Наполнете ги јаболката со кремот и поросете со прашина од сецкани, крцкави ореви и цимет
Доколку сакате да им додадете глазура премачкајте ги јаболката со смеса од лажичка мед, лажичка вода и малку ванила.
П.с замрзнувањето па одмрзнувањето дава вкус на печено/варено
Л=супена лажица
л=кафено лажиче