Маја ПЛАТНАР
Тема на која работам студиозно веќе со години и за која истражувам многу темелно
Од првото “излекувано” хашимото пред 12 години до денес, сеуште сум фасцинирана како храната прави чуда
Еве само мал дел од заклучокот до кој доjдов низ годниве
Веќе од утре може да закажете консултација и да позбуруваме и решиме многу проблеми
Хормони и жива храна
Најнеиспитаната област во медицината
Најигнорираната тема од лекарите
А со сигурност се НАЈЗНАЧАЈНАТА состојка во организмот
Ве мачат акни, слабо либидо, организмот не формира мускул, и покрај сите диети не успевате да ослабите, чувствувате магла во главата, ладни дланки и стапала, ви паѓа косата… се сѐ тоа хормони.
Ова е тема која мора да се отвори уште рано во животот, особено во животот на жените, но во последно време е ништо помалку незначајна за мажите, особено момињата
Што влијае на нивната промена и зошто живата храна има толкав успех во балансирањето на хормоните?
Најпрво и највеќе процесираната храна, конзервансите кои ги има апсолутно во се, од храна, до пијалоци, до облека(нека не ве чуди), до водата и воздухот и секако најважното, кое е невозможно во одредени мигови и денешното темпо на живеење да се одбегне, тоа е стресот.
Живата храна е непроцесирана, не содржи конзерванси и со ова сме ги решиле првите два поттикнувачи на дизбаланс. Но што е со стресот
Него не можеме да го избегнеме, но можеме да го смириме.
Зелената храна, многу зелената храна, како зеленото Здраво Живо смуди го намалува кортизолот и со само една чаша расте естрогенот.
Хормоните го регулираат расположението, метаболизмот, состојките во организмот, одговорни се за работата на цело тело.
Едномесечното прочистување со жива храна значи комплетна промена, односно балансирање на целиот хормонален систем.
Еве и зошто:
– откажувањето од бела рафинирана храна е првиот чекор. Таа вистински труе. Месец дена во годината се доволни.
– чиа, ленено семе, живи бадеми се најголемиот извор на омега 3 киселини, кои најлесно балансираат.
– исфрелете ги сите вештачки рафинирани масла. Тие содржат омега 6 што се лоши за срцето. Јадете ладно цедени масла, авокадо место путер, но и вистински животински путер.
– простете но, без кафе. Тоа го зголемува нивото на кортизол и ја забавува работата на тироидата.
– доколку избегнувате шеќери и се наспиете ќе го регулирате лептинот, главниот хормон регулатор на метаболизмот и апетитот.
– пијте витамин Д3. Недостатокот предизвикува дури и рак. И тоа е хормон
– колку повеќе растителни влакна од зелена храна (живи се разбира) толку подобра работа на срцето, толку повретенести мускули, толку повеќе енергија, но и убава кожа, коса, нокти, заби.
– исфрлете ги парабените и средствата за чистење од бањата.
– слушајте музика, барем половина час во денот.
– доколку не сте тип кој вежба, пешачете, но свесно, одбројувајќи ги чекорите. Немојте да се зачудите ако одејќи по истата патека, исто време до денес, одеднаш почнете да чекорите свесно и да добиете воспалени мускули:). Умот е чудо.
– за најтврдокорните, избегнете ги сите вештачки хормонални лекарства. Тука е чудесната мака. Но, и со неа контролирано.
Ако симптомите се:
Замор
Магла во главата
Несоница
Жешки бранови,
зголемување на телесната тежина,
нервоза,
необјасниви промени во расположението, сексуални проблеми,
уринарна инконтиненција,
отсуство на менструација.,.
Закажете термин