За некои луѓе, рецепт за катастрофа е кога вашето дете ќе ги земе ножиците и ќе ги доближи до вашата коса. Но, за Емили Ортон, мајка на три деца, тоа беше доста ослободувачко.
На Ортон (32) неодамна и бил дијагностициран напреден карцином на јајници поради што морала да оди на голем број прегледи, а сега мора да помине и хемотерапија. Поради ова, во духот на помирувањето, таа и дозволила на својата 4-годишна ќерка со неа да си игра фризерка пред целосно да ја избричи главата.
Ортон ја сподели својата приказна на Инстаграм.
„Откако почнав да ја губам косата од хемотерапијата, и реков на Шуг дека може да ми ја шиша косата колку што сака“, напиша таа.
Се разбира, нејзината ќерка била пресреќна.
„Беше во рајот и направи одлична работа“, рече таа, „Таа е најстрашната, но и најдобрата фризерка кај која сум била“.
Своето искуство таа дури го напиша во форма на есеј
„Знаејќи дека наскоро ќе бидам без коса, честопати плачев, но се обидов да смислам како тоа да му го олеснам на семејството. Не дека само јас поминував низ ова, туку бевме сите заедно. И мојата коса. “
„Косата е голем дел од нашиот идентитет. Откако ќе пронајдете добар фризерски салон, останувате таму затоа што тие ве разбираат. Како што опаѓањето на косата е кошмар на секоја жена, така сон на секое девојче е шишање коса“.
Тогаш одлучила на ќерка си да и го исполни сонот. Нејзината ќерка ја сфатила работата многу сериозно.
На крајот, резултатот беше… добро… како што можете да замислите. Една голема петка за ќерката на Ортон.
Ортон призна дека не било се така лесно.
„Сите имавме свои реакции“, напиша таа, „Јас сè уште се изненадувам кога станувам наутро. Се надевам дека ќе се навикнеме наскоро затоа што сите не шокира мојата коса. Си велиме дека ова е добро, дека хемотерапијата успева. Дека таа ќелавост е добра ќелавост. Ако постои тоа… ”
Ортон настојува да го вметне својот нов изглед во настаните. Па таа се маскира како г. Клин за маскарите. Но, исто така е многу реалистична кога работите се вжештуваат.
Така неодамна таа напиша: „Ужасната работа во врска со хемотерапијата е…. па се. Беше навистина тешка оваа недела. Јас сум на многу темно место. И ми стана многу реално. Не само што се чувствувам лошо одвнатре, но и тешко се препознаам кога се гледам во огледало“.
„Ова не е објава за сожалување, туку реалност за тоа што им се случува на пациентите со карцином. Не сакам да заборавам каква сум била“.