Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро.
Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест – пемфигоид гестационис (ПГ). Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа.
Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци.
– Сè уште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување, изјави Хукер за „Индепендент“. – Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да минам низ сè ова, признава таа.
Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и, во помала мера повторно избувнува, на пр., при менструација.