Полицијата во Грција уапси државјанка на Грузија (24), под сомнение дека го фрлила своето новороденче во контејнер за ѓубре.

Бебето било пронајдено во подземен контејнер во Каламати и било пренесено во болница, каде се опоравува.

Танасис Василопулос, градоначалник на Каламати, вели дека бебето имало неверојатна среќа, бидејќи ѓубраџиите кои го покриваат тој дел од градот задоцниле на работа во средата.

„Доцнеа со рутата, а една жена поминала и и се присторило дека слуша плачење. Таа веднаш повикала полиција, која се симнала во подземниот контејнер и го извлекла детето “, рече Василопулос.

Локалната жена која го нашла бебето, Василики Цони, вели дека новороденчето е пронајдено во хартиена кеса, неколку метри пониско во контејнер направен од камен.