Мајкрософт соопшти дека неговиот политички одбор ќе ги прекине политичките донации „се додека не ги процени импликациите од минатонеделните случувања во Вашингтон“, соопшти компанијата.

– Нашиот политички одбор обично ги стопира донациите во првиот квартал на новиот состав на Конгресот, но ќе преземе дополнителни чекори оваа година да ги разгледа неодамнешните настани во Капитол Хил и да се консултира со вработените, се наведува во соопштението.

Освен Мајкрософт, и АТ&T, која го држи Ворнер медиа, исто така ги суспендира политичките донации, а претходно во текот на денот и компаниите Фејсбук и Алфабет Гугл го направија истото.