МАКЕДА: Вардар стана европски првак без да плати, ни должи многу пари

/ 04.03.2020

Играчот на РК Вардар, Хорхе Македа во изјава за шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ истакна дека клубот сè уште им должи многу пари на ракометарите.

Тој беше дел од „црвено-црните“ при освојување на првата титула во Лигата на шампиони во 2017 година заедно со сонародниците Жоан Кањелас и тренерот Раул Гонзалез.

Македа вели дека се било во ред во првата година од неговиот престој во Скопје, но втората веќе било поинаку.

-Вардар стана европски првак без да плати. Ветувања има, но и времето тече, затоа сме лути. Не сме се обратиле до Европската ракометна федерација затоа што веруваме во позитивен исход, вели Македа.

Ситуацијата е комплицирана, вели шпанскиот репрезентативец, кој потсетува дека последното ветување за исплата на долговите кон играчите било во јануари, меѓутоа и тој рок бил пробиен.

Македа и останатите кои имаат побарувања од македонскиот шампион и актуелен европски владетел, сепак, не губат надеж која ќе биде негувана од нив, како што вели, се додека постои клубот.

(МИА)


Од истата категорија