Владата во Република Македонија го нападна со брусилиците насекаде каде што го има Сонцето од Кутлеш, но македонскиот симбол го чува дијаспората.

– Погледнете како овогодишниот учесник во програмата „Родум од Македонија“, Ники Крингс, ја украси својата училница за 5-то одделение во Мичиген, каде предава. Македонското сонце може да биде блокирано во Македонија, но живо и гордо се прикажува меѓу дијаспората. Немој да се плашите што сте горди Македонци- порачуваат на Фејсбук од Обединетата македонска дијаспора во САД.