Српскиот претседател Александар Вучиќ го поздрави резултатот на анкетата која покажа дека Македонците ги сметаат Србите за свој најблизок и најпријателски народ.
Србија секако е најголем нивен пријател, не бев изненаден, ние сме најголем пријател на … Македонија. Кој им е поблизок? Ние сме единствени кои не им бараат да си го сменат името, јазикот, знамето или било што друго. Ние го сакаме македонскиот народ. Што бараме од нив? Ништо, освен да имаме најдобри можни односи. Ништо не им бараме, само да бидеме пријатели и браќа, рече Вучиќ.