По повод денешниот национален празник Илинден, честитка до сите Македонци каде и да се упати единствената македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
– МАЕИ на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден! Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден, стои во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски.
Се додава дека прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ 1944 со „гордост се поклонуваме на нашите предци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија”.
Партијата во соработка со општина Пустец денеска организира свечено одбележување на празникот.
Во просториите на партијата во Пустец, во 18 часот ќе биде одржана академија” 120 години од Илинденското востание” а во 19 часот на плоштадот “Гоце Делчев” ќе има богата културно-уметничка програма.