На барање на Македонското друштво Илинден од Тирана од 31 јануари 2023 година до Комитетот за национални малцинства на Албанија, денеска беше поставена повеќејазична табла со насловот на Комитетот за национални малцинства.

Со допис број 38 од 10 февруари 2023 година Комитетот за национални малцинства на Албанија одговори позитивно на барањето на Македонското друштво Илинден од Тирана.
Конечно, беше поставена повеќејазичната табла поставена во зградата од Комитетот за национални малцинства во Тирана и уште една институција со табла и на Македонски јазик.

– Изразувам благодарност до Комитетот за национални малцинства и Народниот правобранител на Албанија за нивното ангажирање за поставување на повеќејазичната табла во Комитетот за национални малцинства. Истовремено упатувам искрена благодарност и до Комитетот за национални малцинства, – изјави претседателот на Македонското друштво Илинден од Тирана, Никола Ѓурѓај.