Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград и Македонската заедница во Србија, во рамки на програмата за одбележување на значајни датуми, настани и личности, во сабота (15 ноември) ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на загинатите Македонци мобилизирани во Првата светска војна 1914/1918 година од страна на Кралството Србија, во Вардарскиот баталјон, во кругот на црквата Свети Ѓорѓи во Костолачка Коса.

Според програмата, цвеќе ќе биде положено и на споменикот на паднатите борци Македонци од Вардарскиот батаљон во село Петка, каде што биле сместени и каде што престојувале во куќите на мештаните.

Предвидена е посета на Археолошкиот музеј во Пожаревац, на галеријата на Милена Павловиќ Барили во Пожаревац, поет и историчар на уметноста, која во периодот 1909-1946 година творела во Србија, Италија, Франција и САД, потоа посета на Љубичевата ергела во Љубичево, како и посета на Милошевиот конак.

Оваа иницијатива, како што велат од Здружението, претставува можност за заедничко дружење, едукација и почитување на историското и културното наследство на Македонците во Србија.

Фото: архива