Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, ја доби наградата Гулдболен (Златна топка) за најдобар шведски фудбалер за 2022 година.

Играчот на Тотенхем имаше успешна година и за прв пат во својата кариера ја доби оваа награда. Тој со 22 години е најмлад игач кој ја освојува оваа награда по легендарниот Томас Бролин во 1990.

– Целата година ми беше апсолутно фантастична. Дојдов во Тотенхем и се вратив во живот. Чувствувам како се подобрувам и ми е неверојатно забавно кога сум на теренот, изјави Кулушевски.

Тој во јануари од Јувентус премина во Тотенхем.