Денешната изјава на министерката за правда, Рената Десковска, дека по секоја цена ќе го протуркаат законот за СЈО во Собранието, и без двотретинско мнозинство, наиде на остри реакции и потсмев на социјалните мрежи.
– Десковска: „Ако не се најде 2/3 за законот имаме план „Б“. ОК. Дигнете по две раце у вис ко за Таљо и да привршиме со циркузијадава, коментира на Твитер корисникот со псевдоним Димко Македоничи.
Слични реакции се многубројни на социјалните мрежи, од граѓани кои очекуваат министерката за правда да ги решава проблемите со спроведување на законите, а не со смени кога тоа нив (не) им е потребно и им одговара.