Македонија го заврши настапот на Лигата на нации со победа 1-0 над Фарските острови и 16 бода, досега наш рекорд. Стрелец беше Миовски.

Фарски Острови се покажа дека се квалититна репрезентација. Играат типичен скандинавски фудбал, без некоја техника но со многу трчање. Затоа и догодина ќе играат во Ц групата на Лигата на нации. Ние пак одиме ранг погоре, во Б групата каде ќе играме со тешки ривали.

– Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше тешко да ги пробиеме. Останавме смирени и трпеливи и дојде таа шанса што ја искористив и донесов победа за Македонија. Чест е да се игра за репрезентацијата. Атмосферата во националниот тим е одлична и очекувам уште поголеми успеси во иднина, изјави Миовски, по натпреварот.

За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е петта победа по ред, сите пет без примен гол.

Со трите освоени бода Македонија го освои првото место во четвртата група Ц-сегмент од Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ групата ја завршија со 16 бодови и гол-разлика 10:1. Второто место и припадна на Ерменија која по денешната победа (2:1) над Летонија стигна до седум бода. Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

Во март ги почнуваме  и редовните квалификации за СП. Таму можеме да се најдеме и преку баражот од ова издание на Лигата на нации но дали ќе играме не се знае.