Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа првиот тренинг на Националната арена „Тодор Проески” во пресрет на натпреварот против Словенија на 10 октомври од 20:45 часот, од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра следната година.

Селекторот Игор Ангеловски на првиот тренинг ги имаше на располагање сите фудбалери на кои смета за дуелот со Словенците кој е еден од најважнте во квалификацискиот циклус. Победата ни треба, и само трите бода се во мислите на нашите репрезентативци.

Тимот е ослабен со неиграњето на повредениот Енис Барди и суспендираниот Егзон Бејтулаи, а селекторот дополнително ги повика младиот Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев.