Со два порази од летонска Рига освојувачот на македонскиот куп, Македонија Ѓорче Петров, го заврши денеска настапот на европската сцена во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
По минатонеделниот пораз во Скопје од 0-1, Македонија Ѓорче Петров попладнево на гостувањето во Рига претрпе уште еден пораз од 1-4 и со вкупни 1-5 е елиминирана од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Победата на домаќините им ја донесоа двојниот стрелец Седрик Куадио (43 минута, 58), Стефан Паниќ (68) и Андреј Илиќ (86), додека почесниот гол за Македонија ЃП сезонава во европскиот настап го постигна Кристијан Стојковски (50).
Во рамки на првото квалификациско коло во Конференциската лига, тетовска Шкендија вечерва му гостува на велшки Хаверфордвест со предност од 1-0, додека Шкупи го пречекува литвански Хегелман со предност од 5-0 од првиот натпревар